МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО шВАЈЦАРИЈА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО шВАЈЦАРИЈА (1899–1919). Во последните години на ⅩⅠⅩ в. македонските студенти во швајцарија се организирале во македонски студентски друштва. Било активно Македонско студентско друштво во Берн (1899) со цел да го сврти вниманието на Европа на состојбите во Македонија. Дејноста на Друштвото била поддржувана и помагана од странски студенти, во прв ред од Руси. Во Фрибург (26. Ⅺ) било основано Македонско студентско друштво. На основачкото собрание бил претставен континуитетот на ослободителните борби во Македонија од Кресненското востание (1878/79) до постојната организирана борба (од 1893). Македонско студентско друштво имало и во Женева (1904). Тука било формирано Академско друштво „Македонија“ (во есента 1915), а македонските студенти во Цирих основале Политичко друштво „Македонија на Македонците“. Кон крајот на Првата светска војна во швајцарија биле основани нови македонски друштва (1916–1919): Друштво за одбрана на правата на Македонците „Македонија“ во Лозана; Македонско друштво
„Вардар“, со девизата: „Македонија на Македонците“. Сите имале единствена цел: ослободување и обединување на Македонија и создавање македонска држава. Бил формиран Сојуз на македонските друштва во швајцарија (15. ⅩⅠⅠ 1918), кој издавал свое гласило и бил активен до пред крајот на 1919 г., до и непосредно по завршувањето на работата на Версајската мировна конференција.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Обид за организирање македонски конгрес во швајцарија во 1900 година, „Гласник“ на ИНИ, 1, Скопје, 1987; Љубен Лапе, Придонесот на македонските студенти во странство за развитокот на македонската национал
на мисла и одбрана на македонскиот национален идентитет, Моменти од работата на неколку студентски друштва,
сп. „Историја“, 2, Скопје, 1970. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *