МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА И ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПОЛСКА

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА И ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПОЛСКА
(1960–1961) – по распуштањето на Организацијата „Илинден“, Македонците во Полска почнале да формираат сопствени културнопросветни друштва и организа
ции. Во декември 1960 г. македонските интелектуалци ја формирале тајната организација „Егејска зора“. За претседател на организацијата бил избран Лаки Папатолев, за потпретседател Вангел Белчев и за член Ламбро Каранфилов. Во програмата е утврдено дека организацијата ќе се бори за национално осознавање на Македонците, за националните права на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и против политиката на КПГ по македонското прашање. Во 1961 г., под притисок на КПГ, организацијата ја прекинала својата активност. Во истата година во градот шчеќин била формирана македонската организација „Македонска заедница“. Организацијата се стремела да ги афирмира македонските културно-јазични вредности. Во 1962 г. и оваа организација ја прекинала својата дејност.

ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји по Втората светска војна, Скопје 1989;
С. Киселиновски, Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913–1987), Скопје, 1987. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *