МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР (Скопје, 31. И 1945-) – прв национален професионален театар. Основан е со решение на Прези-

Македонскиот народен театар во Скопје пред земјотресот (1963)

Новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје

диумот на АСНОМ, а прв директор бил Димитар ќостаров. Прва одржана претстава била „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук (3. Ⅳ 1945), а прва претстава од македонски автор драмата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (18. Ⅷ 1945). Се јавува и како основач на Куклениот театар во Скопје (1946) и на Обласниот театар во Горна Џумаја, Пиринскиот дел на Македонија (1947). Тогаш била основана и Операта на МНТ (1947) на чело со првиот директор Тодор Скаловски, а првата претстава била операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи (9. Ⅴ 1947). Потоа следело и основањето на Балетот на МНТ (1949) со првиот раководител Ѓорѓи Македонски, а првата балетска претстава била „Валпургиска ноќ“ од шарл Гуно (27. И 1949). Првиот прикажан балет од македонски автор бил „Македонска повест“ од Глигор Смокварски
(21. Ⅵ 1953), а прва опера од македонски автор била „Гоце“ од Кирил Македонски (24. Ⅴ 1954). Операта на МНТ ги организира Мајските оперски вечери (од 1972). Во првите пет децении (1945-1995) биле регистрирани 4.800.000 гледачи на драмските, оперските и балетските претстави во земјата и во странство. Од организациони причини е реорганизиран во МНТ и Македонска опера и балет (9. Ⅸ 2004).
БИБЛ.: Ристе Стефановски – Славомир Маринковиќ, Македонски народен театар. Летопис 1945–1995, Скопје, 1995; Ристо Сте
фановски, Театарот во Македонија. Од Партизанскиот до Младинско-детскиот,
Скопје, 1998. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *