МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУШТВА ВО САД

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУШТВА ВО САД
(1901–1931). Првата македонска организација била основана во Чикаго (1901) со девизата „Македонија на Македонците“. Во 1903
г. македонско-одрински друштва биле основани во Синсинати, Дејтон, Сент Луис и др. градови чија дејност бргу згаснала. Активисти испратени од Софија во САД (1908) основале неколку бугарски конституциони клубови, кои бргу се распаднале. Во времето на Балканските војни (1912–1913) се активирале неколку македонски организации и друштва, кои упатиле Апел за слобода и самостојност на македонскиот народ, а од претседателот на САД и од европските големи сили да се бара ревизија на Букурешкиот договор и создавање автономна македонска држава. Неколкуте македонско-одрински друштва (во есента 1915) во САД, организирани и раководени од бугарскиот архимандрит Теофилакт, биле обединети во Македонско-бугарски народен сојуз за поддршка на политиката на Бугарија. До Мировната конференција бил упатен Меморандум (1919) со барање Македонија неподелена да се присоедини кон Бугарија. Македонските организации од Чикаго, Бостон, Сан Франциско и од Њујорк формирале Централен македонски комитет во САД, кој стапил во врска и го ополномоштил Генералниот совет на македонските друштва во швајцарија да бара од Мировната конференција примена на правото на самоопределување и создавање независна македонска држава со центар Солун. Во Форт Вејн (1922) се одржал Конгрес на македонските организации во САД, кои се соединиле под име Сојуз на македонските политички организации, со цел да дејствува за поддршка на ослободителната борба на македонскиот народ во татковината за создавање независна Македонска Република, во содејство со прогресивните друштва и организации на Балканот и со поткрепа од Советска Русија. На Конгресот дошло до поларизација, наметната со дејствувањето на пратеникот на Исполнителниот комитет на македонските братства од Софија Сребрен Поп Петров. По доаѓањето и на Јордан Чкатров, претставник на Националниот комитет во Софија, кој го презел раководењето на Сојузот од позиција на секретар на Централниот комитет, со директна поддршка и помош од бугарскиот пратеник во Вашингтон Симеон Радев (по род Македонец) и бугарскиот генерален конзул во Њујорк Јупитер Дојчев, па целукупната дејност била ставена во функција на бугарската државна политика кон Македонија. Организациите од политички биле преименувани во „патриотически“.
Прокомунистичките македонски и други иселенички организации (во почетокот на 1928), предводени од Георги Пирински, ја засили

Гео(рги) Пирински
ле активноста за разобличување на МПО како филијала на „фашистичката организација“ ВМРО на Ванчо Михајлов во Бугарија. Одржале свој конгрес во Детроит
(25. Ⅳ), на кој бил избран Централен балкански комитет. Нивната дејност повлијаела за забрзување на внатрешната диференцијација и за поделбите во МПО. Организацијата од Чикаго се осамостоила (1928) и продолжила да дејствува независно под името „Македонска независност“, со програма за создавање независна Македонија. Се отцепила и македонската организација „Пирин“ – Дејтон.

Органите на МНС во САД: „Балканско сдружение“,
„Трудова македонија“ и „Народна волја“
Започнал процесот за создавање независно македонско движење во САД. Бил формиран Иницијативен комитет (1929), во кој влегле Смиле Војданов, Георги Пирински и др. Независни македонски прогресивни групи биле основани во Медисон и Понтијак, во Милвоки (1930), Хемонд, Кливленд, Мелисон, Индијанополис, Њујорк и др. Југословенскиот конзул во Чикаго Колумбатовиќ, по примерот на бугарските дипломати Радев и Дојчев, презел акција за организирање српска организација (1930). Во Чикаго, од придобиените македонски иселеници, било основано друштво „Вардарска бановина“, кое останало изолирано. Бил организиран обединувачкиот конгрес на македонските независни групи (24-26. Ⅳ 1931), на кој бил создаден Македонски народен сојуз во САД и Канада.

Никола Груевски на Бизнис форумот со македонски бизнисмени во Чикаго (2009)
ЛИТ.: Михајло Миноски, Прилог кон прашањето за политичката активност на македонското иселеништво во САД до 1931, Гласник на ИНИ, 1, Скопје, 1982; Миле Михајлов и Михајло Георгиевски,
Политичката активност на Македон
скиот народен сојуз во САД и Канада од 1928-1935 година, Гласник на ИНИ, 1, Скопје, 1971. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *