МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ ЕДИНИЦИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ ЕДИНИЦИ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
(1943–1944) – формирани во втората половина на 1943 г. Партизанскиот одред „Лазо Трповски“, воена формација на СНОФ, бил формиран во Корешта на 1. Ⅸ 1943 г. во содејство со грчките единици на ЕЛАС и водел борби против колаборациското пробугарско комитско движење во Егејскиот дел на Македонија. Во јуни 1943 г. бил формиран и Воденскиот партизански баталјон, а во август 1943 и Леринско-костурскиот баталјон во составот на единиците на ЕЛАС. По разоружувањето на колаборациското комитско движење, КПГ наредила расформирање на македонските партизански единици. Македонските баталјони преминале на територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Во Битола се формирала Егејската ударна бригада, која учествувала во борбите против албанското балистичко движење во Западна Македонија.
ЛИТ.: Историја на Македонскиот народ, В, Скопје, 2003. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *