„МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТСКИ ЛИСТΓ

„МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТСКИ ЛИСТΓ (Софија, И, 1, 4. ⅩⅠⅠ 1931 – 1. Ⅵ 1932) – орган на прогресивните студенти во Бугарија. Излегува периодично, на бугарски јазик, како неофицијален орган на ВМРО(Об), под редакција на Д. Петков, но фактички редактори се: Коста Веселинов, Васил Хаџикимов, Михаил Сматракалев и Кирил Николов. Весникот се бори за формирање Општ македонски народен студентски сојуз против врховизмот и фашизмот, за независност на Македонија и за федерација на слободните балкански републики. Запрен од бугарските власти, но истовремено продолжува под новиот наслов „Македонска студентска трибуна“.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 325–328; Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 353–373. Бл. Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *