МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (Буенос Аирес, 1909) – добротворно друштво на македонските иселеници. Дејноста на Друштвото не била политичка, туку исклучиво добротворна. Било основано за собирање средства за меѓусебна помош на македонските иселеници, за прифаќање и за помагање на новодојдените емигранти. Неговото постоење е посведочено од искажувања на иселеници-современици.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации на македонското иселеништво во Аргентина (1906-1941), Зб. Втор меѓународен научен собир „Иселеништвото од Македонија од појавата до денес“, етнич
ко организирање на иселениците, Скопје, 2004; Никола Поповски, Нека фактите говорят, Буенос Аирес, 1946. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *