МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (Женева, швајцарија, 1916–1919) – друштво основано со цел да дејствува за независност на Македонија и во функција на тоа да работи за запознавање на европското јавно мислење, особено пред и во времето на одржувањето на Мировната конференција. Активни членови на Друштвото можеле да бидат само Македонци, без оглед на верската и на народносната припадност, кои не биле под туѓо влијание. Друштвото се интегрирало во Сојузот на македонските друштва во швајцарија (од 15. ⅩⅠⅠ 1918).
ЛИТ.: Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *