МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ НА ПОП ЈОВАН

МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ НА ПОП ЈОВАН – македонски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ – поч. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се чува во Архивот на ХАЗУ, Загреб, сигн. Ⅲ ц 1. Ракописот $ припаѓа на Михановиќевата збирка (бр. 33). Има 133 пергаментни листови. Името на ракописот е по приписката на поп Јо-ван на л. 17в. Јазичните особености на ракописот укажуваат на неговото западномакедонско потекло. Морфолошките особености го приближуваат кон Добромировото ев. од поч. на ⅩⅠⅠ в. Орнаментиката носи белези на архаичност, а иницијалите во геометриско-флорален стил се од ист тип како во Вукановото ев. По својата структура кодексот е краток апракос, со редовно означување на седмиците, што е карактеристично за постарите текстови. Како краток апракос, може да се заклучи дека ракописот не бил наменет за манастир, туку за парохиска црква. В. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *