МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО КАНАДА

МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНООСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО КАНАДА (1972) – политичко движење со центар во Торонто, основано со цел да работи и да се бори со сите средства за национално ослободување и обединување на Македонија во самостојна македонска држава. Се застапувало за осамостојување на СР Македонија и како независна неутрална демократизирана и зацврстена да го изврши обединувањето на поделена Македонија.
За непосредна задача поставило да работи врз будењето на македонскиот патриотизам кај Македонците надвор од татковината да се борат за слободна обединета Македонија.
ЛИТ.: Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје,1994. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *