МАКЕДОНСКО ПРОГРЕСИВНО ДВИЖЕЊЕ ВО АРГЕНТИНА

МАКЕДОНСКО ПРОГРЕСИВНО ДВИЖЕЊЕ ВО АРГЕНТИНА (1932–1939). Почнало со основањето на првата Македонска прогресивна група во Буенос Аирес (почеток на 1932), со цел да ги обедини македонските иселеници во Аргентина „под чистото знаме на македонскиот револуционерен идеал издигнат од Гоце Делчев за национално ослободување на Македонија и идеалот на новото македонско националноослободително движење ВМРО(Об), ослободување и обединување на Македонија во независна Македонска Република“. Македонски прогресивни групи (1935) биле основани во Комодоро Ривадавија и во Рио Негро. Во Буенос Аирес бил печатен в. „Македонски глас“, орган на Движењето.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Организирање и организации на македонското иселеништво во Аргентина (1906–1941), Зб. Иселеништвото
од Македонија…, Скопје, 2004. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *