МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО шПАНИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО шПАНИЈА
(1936 – 1939) – учесници Македонци во одбрана на Републиката во Шпанија од меѓународниот фашизам. Меѓу доброволците од 55 земји учествувале и 137 Македонци од Македонија и од дијаспората како борци и раководители на интернационалните бригади. Како припадници на шпанската републиканска армија се бореле на сите фронтови и во заднината. За пројавената храброст повеќемина биле удостоени со високи воени функции. Мајорот Алексо Демниевски-Бауман ги командувал прославените единици: бригадата

Георги Димитров“, баталјонот


Ѓуро Ѓаковиќ“ и др. Во 1938 г. во рововите била прославена 40-годишнината на Илинденското востание со пеење македонски револуционерни песни, меѓу кои и песната „Ние сме Македонци“. Илинден меѓународно бил отпразнуван и од шпанските борци во Парискиот концентрационен логор


Гирс“ во 1939 г. На воените боишта животот го положиле 65

борци Македонци. Преживеаните активно се вклучиле во НОБ како борци и воени раководители.
ЛИТ.: Во срцето на Шпанија. Сеќавања на интербригадисти од Македонија, Скопје, 1975; Д-р Орде Иваноски, Весникот „Трудова Македонија“ за шпанската ослободителна и антифашистичка војна (1936– 1939); Блаже Ристовски, Портрети и процеси, Ⅲ, 1991; истиот, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје,
1983. О. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *