МАКЕЛАРСКИ, Владо Д

МАКЕЛАРСКИ, Владо Д. (с. Макелари, Албанија, 1919 – 29 или 23. И 1993) – првоборец. Бил член на КПЈ (1941) и првоборец, носител на Партизанска споменица 1941. По Ослободувањето бил член на Земскиот одбор на ССМ и директор на Фабриката за керамика „Југ“ во Скопје. Ја прифатил Резолуцијата на Информбирото (1949) и бил испратен на Голи Оток.
ЛИТ.: Димче Најчески, Голооточки сведоштва, Ⅲ, Последици, Скопје, 2006, 38. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *