МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ

МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ – способност на економијата да одржува висока ценовна стабилност, т.е. ниски стапки на инфлација, динамички стапки на економски раст и да креира нови работни места. Под вакви претпоставки земјата може ус-пешно да ги управува внатрешниот и надворешниот долг и да се справува со финансиски кризи. РМ по 1996 г. одржува ниски стапки на инфлација (просекот за последниве 10 години е околу 2%). Меѓутоа, стапките на економскиот раст на македонската економија се ниски. Во периодот 1992– 2002 г. просечната стапка на економски раст изнесува само 0,9%, а последниве неколку години таа се одржува на нивото од 3 до 4%. Стапката на невработеност е енормно висока – над 30%. Внатрешниот и надворешниот долг на РМ, во основа, се одржуваат на задоволително ниво – за 2005
г. вкупниот јавен долг (обврски на јавниот сектор врз основа на домашно и надворешно задолжување) изнесуваше околу 2 мрд. евра или 44% од бруто домашниот производ на земјата. Оттука, во оваа фаза на развојот, РМ е земја со висока ценовна стабилност, но не и со целосна макроекономска стабилност.
ИЗВ.: Министерство за финансии на Република Македонија, „Билтен“, јан./фев.
2006.
ЛИТ.: Отворени предизвици на македонската економија, МАНУ, Скопје, 2004. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *