МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ

МАКРОЕКОНОМСКИ АГРЕГАТИ. Според постојниот систем на националните сметки, прифатен од ОН и од други меѓународни организации, постојат два вида агрегатни макроекономски големини: прво, агрегати што се однесуваат на реалните трансакции во економскиот живот и, второ, агрегати што претставуваат билансни пресметковни ставки во националните сметки. Првите се добиваат директно како збир на одредени трансакции, а вторите се утврдуваат како збир на билансни ставки (салда) на институционалните сектори. Во макроекономијата се користат бројни макроекономски агрегати. Од нив ќе ги спомнеме следниве: додадената вредност, БДП, БНП, нето домашниот производ (национален доход), бруто националниот доход, финалната потрошувачка (на домаќинствата и на државата), бруто-инвестициите, бруто-инвестициите во фиксен капитал, потрошениот фиксен капитал (амортизација), порастот на залихите, нето странските инвестиции, салдото на тековни трансакции со странство, бруто националното штедење, нето-позајмувањето или нето-задолжувањето во странство, монетарните агрегати, вкупната вработеност, вкупната невработеност итн.
ИЗВ.: СНА 1993 и ЕСА 1995. М. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *