МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ

МАКРОЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ – сектор на домаќинствата (Ц– побарува финални потрошни добра и услуги – нужни, луксузни, трајни); сектор на претпријатијата (И– побарува и троши капитални добра, т.е. ги опфаќа бруто домашните инвестиции); сектор на државата (Г– буџетска потрошувачка), и надворешнотрговски сектор (Џ-М, т.е. разлика помеѓу извозот и увозот на финални добра и услуги, т.н. нето-извоз). Четирите макроекономски сектори ја креираат агрегатната побарувачка во економијата: АД = Ц + И + Г + (Џ-М). Со сумирање на вредноста на потрошените финални добра и услуги од страна на четирите макроекономски сектори се добива бруто домашниот производ според т.н. расходен метод. Вредноста на одделните компоненти на агрегатната побарувачка и на бруто домашниот производ во РМ во 2005 г. изнесуваа: бруто до-машен производ = 206,6 мрд. ден. Ц
+ 57,2 млрд. ден. И + 55,11 млрд. ден. Г + (106, 75 мрд. ден. Џ– 160,42 млрд. ден. М) = 265,25 млрд. ден.
ИЗВ.: Пресметано врз основа на податоците од Министерство за финансии на Република Македонија, „Билтен“ јули/август /2006, 16.
ЛИТ.: П. Самуелсон, П. анд Њ. Нордхаус, Ецономицс, Еигхтеентх Едитион, МцГрањ-Хилл Интернатионал Едитион; Т, Фити, Економија – осно
ви на економијата, Скопје, 2006. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *