МАКСУТИ, Мерсим

МАКСУТИ, Мерсим (Мерсим Максути) (Србица, Кичевско, 1970)
– социолог, доцент на Универзитетот во Тетово. Основно училиште завршил во родното место, а средно образование во Приштина. Дипломирал на Филозофскосоциолошкиот факултет (1995), а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Приштина на тема „Односот помеѓу органите на власта во претседателскиот систем на САД“ (2005). Првин бил избран за асистент (2001), а потоа за доцент по Уставно право (2006) и декан на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово (2006–). Објавил поголем број трудови од областа на уставното право.
БИБЛ.: Аспекти јуридико-кусхтетуес дхе политик и статусит схтетформуес тë популлит схљиптар нë Маљедони, Схкуп, 2005. Св. ш – Хат. О.

Макфакс, дневен интернет весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *