МАКСУТ, Џемаил

МАКСУТ, Џемаил (Скопје, 8. Ⅴ 1933 – Скопје, 28. ⅩⅠⅠ 2001) – театарски и филмски актер. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за англиски јазик (1964). Член на Турската драма во Театарот на народностите во Скопје (1953-1991). Има забележителни постигнувања и на филмското платно, како и на сцените на други театри. Улоги: Отело; Војникот фалбаџија во истимените дела; Мармеладов („Злосторство и казна“); Дервишот („Дервиш и смрт“); Ајан („Угурсуз“); Фалстаф („Веселите жени виндзорски“) и др. Настапил во филмовите: „До слободата и по неа“; „Јазол“; „Јад“;
„Хај-фај“; „Црвениот коњ“; „Преку езерото“; „Пред дождот“; „Прашина“ и др. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *