„МАКФУНГИ“

„МАКФУНГИ“ (МАЦФУНГИ) – база на податоци за габите, формирана во рамките во Миколошката лабораторија на Институтот за биологија при Природно–математичкиот факултет во Скопје. Во моментов во неа се опфатени 21000 податоци за габи од РМ, од Балканскиот Полуостров и пошироко. Овозможува пребарување на податоците според повеќе критериуми (систематски категории, локалитет, земја на потеклото, датум на собирањето, супстрат, надморска височина и др.) М. К.

Црквата „Мал св. Климент“ во Охрид
„МАЛ СВ. КЛИМЕНТ“ – некогашен параклис на болничката енорија, изграден и живописан во 1378 г. од јерејот Стефан, во времето на архиепископот Григориј Ⅱ и великиот жупан Андрија Гропа, роднина на кралот Марко. Мала еднокорабна црква, единствената посветена на заштитникот на градот Охрид св. Климент. Живописот во поголемиот дел на олтарот и наосот е сочуван и ги носи сите програмски белези на охридските градски работилници од средината на ⅩⅣ в. Литургиски композиции во олтарот, циклусот на Големите празници во повисоката зона на наосот и поединечните претстави на светци во долната зона со ликови на св. Климент, св. Никола, св. Наум, светите бесребреници Кузман и Дамјан, св. Петка, како и св. Константин и Елена на западниот ѕид.
ЛИТ.: Мирјана ´оровиђ-Љубинковиђ, Стари св. Климент у Охриду, „Старинар“, (1940), Београд, 1942, 95–97; Гојко Суботиђ, Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971, 63–64; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век,
Охрид, 1980, 151–153. С. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *