МАЛЕВСКИ, Душко

МАЛЕВСКИ, Душко (Тетово, 14. Ⅸ 1924 – Скопје, 8. Ⅷ 2007) – новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството од 1948 г. Од 1951 г. во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето (1985). Еден од основачите на неделникот „Репортер“. Известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар на „Нова Македонија“ што бил постојан дописник од Париз, Рим, Атина и Софија. Учесник во НОБ. Б. П. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *