МАЛЕНКО, Владо

МАЛЕНКО, Владо (Охрид, 1. Ⅸ 1938) & археолог. Гимназија завршил во Кичево, во 1958 г. Дипломирал на Катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Белград, во 1965 г. Од 1965 до 2004
г. работи како археолог-конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата – Охрид, а

Владо Маленко
потоа и Народен музеј – Охрид. Врши ископувања на повеќе локалитети во охридската регија: црквата Св. Пантелејмон на Плаошник, на античкиот театар во Охрид, на некрополата на Дебој, на ранохристијанските базилики во Радолишта, во Св. Еразмо, во локалитетот Стоби и др.
БИБЛ.: Ноувеллес децоувертес данс ла лоцалитé Св. Еразмо, АИУ ⅩⅤ, Београд, 1974, 45-51; Нови антички наоди во Охрид и охридско, ЖА ЏЏВИИИ, Скопје 1978, 339-349; Раносредновековна материјална култура во Охрид и охридско, Охрид (монографија) кн. 1, дел Ⅵ, Охрид-Скопје, 1985, 269-339, Македонскоукраински врски, Џ–ⅩⅩ в., МАНУ, Скопје, 2004 В. Б.-Гр.

Љубинка Маленкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *