МАЛЕШЕВСКА, Ана

МАЛЕШЕВСКА, Ана (Дупница, Бугарија, 1871 – Бугарија, 1942) – учителка, учесничка во Илинденското востание, ќерка на Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница. Гимназија завршила во Солун. Учителствувала во Кукуш, каде што се вклучила во ТМОРО. Влегла во четата на кукушкиот окружен војвода Крсто Асенов (во пролетта на 1903). На Илинден (1903), при осветувањето на востаничкото знаме, се венчала со Кр. Асенов во црквата во с. Корнишор. Поради тоа војводата Асенов бил убиен од негов четник. По овој драматичен настан Ана заминала од четата и $ се посветила на учителската дејност.
ЛИТ.: Милен Куманов, Македония, КратÍк исторически справочник, София, 1993. В. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *