МАЛИДАНОВ, Димитар

МАЛИДАНОВ, Димитар (Саракиново, Воденско, 5. ⅩⅠⅠ 1946) – графичар, сликар, професор на ФЛУ во Скопје. Дипломирал (1972) и магистрирал (1975) на АЛУ во Љубљана. Автор со извонредно познавање и владеење на технолошките специфики на графичките техники и значаен за нивниот развој (акватинта, мецотинта, сува игла, верни-му). Се интересира за сопственото национално и културно минато предадено со јазикот на симболичнознаковното, асоцијативното и метафоричното (Самоилов гласник, 1972). Подоцна се свртува кон природата, непосредно регистрирајќи ги промените во светот на флората (Трева, 1980; Пупка, 1985; Плод, 1993).
ЛИТ.: Соња Абаџиева Димитрова, Димитар Малиданов (каталог), Скопје, 1985; Викторија Васев Димеска, Димитар Мали
данов (каталог), Београд, 1990. З. Ал.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *