МАЛИНКОВ-ЌЕНДО, Ване

МАЛИНКОВ-ЌЕНДО, Ване (Кавадарци, 1925) – фотограф, тиквешки фото-хроничар. Неговиот интерес е насочен кон фотографско документирање на минатото и современоста на Кавадарци и на Тиквешијата, собирање на фотографското наследство од неговите претходници и нивна презентација преку јавни изложби. Сиот работен век располага со сопствен фотографски дуќан во центарот на Кавадарци. Има организирано изложби на фотографии во Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Љубљана. Најзначајното е презентирано во неговата монографија „Кавадарци некогаш и сега“, во која има 403 фотографии со легенди за потребните фактографски податоци.
БИБЛ.: Кавадарци некогаш и сега, Кавадарци, 1995. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *