МАЛИНСКА, Веселинка Георгиева

МАЛИНСКА, Веселинка Георгиева (Куманово, 4. И 1917 – Скопје, 12. Ⅺ 1987) – национален и комунистички деец, првоборец, новинар и политичар. Како член на СКОЈ (1933) и секретар на скоевски актив (1934), била уапсена (јануари–февруари 1936) во истражниот затвор во Скопје и во Ада Циганлија (Белград). Ја завршила Трговската академија во Ниш. Како член на КПЈ (1936) и студент на Високата економско-комерцијална школа во Загреб, би-ла истакнат активист во кумановското Студентско друштво (во летото 1937) и била избрана за член на МК на КПЈ во Куманово. Подоцна студирала во Белград (1939), каде што била секретар на Месниот одбор на Народната помош (1940–1941). По Априлската војна била главната курирска врска на ПК на КПЈ за Србија и ЦК на КПЈ со Белградскиот НОПО и со партиските организации во Србија. Во отсуство била осудена на смрт (април 1942). Потоа се вратила во Македонија (мај 1942) и била секретар на МК на КПЈ во Скопје и уредник на неговото гласило „Весник“. Наскоро заминала како борец во Вториот скопски НОПО (октомври 1942 – јануари 1943), а потоа се илегализирала кај јатаци на Скопска Црна Гора, од каде што заминала (20. Ⅴ 1943) на пл. Караорман за секретар на Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ. Била кандидат за член на ЦК на КПМ (1943–1945), избран делегат на АВНОЈ, член на Главниот одбор на НОФ, одговорен уредник на сп. „Илинденски пат“ (од април 1944), делегат и втор секретар на работното Претседателство на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), референт на Поверенството за информации (од 14. Ⅷ 1944) и уредник на сп. „Македонка“ (од ноември 1944). По Ослободувањето била секретар на Главниот одбор на АФЖ за Македонија (од 15. ⅩⅠⅠ 1944), ја завршила Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград, била главен и одговорен уредник на в. „Нова Македонија“, директор на Радио Скопје (1952–1961), претседател на Здружението на новинарите на Македонија, потпретседател на Главниот одбор на ССРНМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на Претседателството на ЦК на СКМ, претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и член на Претседателството на СРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941.
БИБЛ.: Во Скопје 1942 година, „Просветена жена“, бр. 11, Скопје, 1961, 1; Средби со Тито во 1941 година, „Просветена жена“, Скопје, мај 1972, 4-5; Постојано чекорење напред, Годишнина на Првата конференција на АФЖ на Македонија, „Просветена жена“, Скопје, декември 1972, 2;
Белешки за хроника – Скопје октомври 1942 – јули 1943, „13 Ноември“, Ⅺ, 11, Скопје, 1972, 6; За активноста на Одделението за агитација и пропаганда на ЦК на КПМ и на Главниот штаб на НОВ и ПОМ за време на неговиот престој во село Горно Врановци есента 1944 година,
Велес и Велешко во НОВ 1943-15 мај 1945 година, Титов Велес, 1977, 201-204; Средба со Тито во 1941 година. Спомени, „Просветена жена“, Скопје, мај 1980, 14-15; Белешки за хроника, „Скопје во ослободителната војна и револуција 1941-1945, том И, кн. прва, Скопје, 1984, 167-174; Подем на информативната и културната акција.
Историските денови на Горно Врановци,
Скопје, 1984, 86-91; Жените на Македонија во борбата за рамноправност, Незаборавник, НИП „Комунист“, Скопје, 1985.
ИЗВ.: Извори за Ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, том И, книга прва, втора и трета, Скопје, март 1968; Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976; Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1945. Документи,
Куманово, 1988.
ЛИТ.: Петар Трајковски, Георги Малински – прв есперантист во земјата, „Наш весник“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 666, Куманово, 18. Ⅴ 1979, 5;
Куманово и Кумановско во НОВ 19411942 година. Материјали од научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978 година, Куманово, декември 1979. С. Мл.

Ѓорѓи Малковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *