МАЛКОВСКИ, Ѓорѓи

МАЛКОВСКИ, Ѓорѓи (Велес, 24. Ⅵ 1957) – историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град (1976), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје – Група историја (1. Ⅹ 1980), каде што и магистрирал со темата „Дејноста на бугарската профашистичка организација Браниик во Македонија 1941-1944 година“ (7. Ⅲ 1989) и докторирал со темата „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 19411944 година“ (декември 1994). Работи во ИНИ (од 1. Ⅹ 1981) како истражувач на Македонија во времето на Втората светска војна. Автор е на поголем број монографски трудови.
БИБЛ.: Велес и Велешко во Народноослободителната војна 1941–1945. Споменкнига на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко, Титов Велес, 1985 (со коавтор);
Монополот во Велес 1919–1945 година, Титов Велес, 1988; Борба за слобода, Титов Велес, 1989; Свети Николе и Светиниколско од 1912 до 1945 година, Свети Николе, 1990; Живееја, се бореа и загинаа во виорот на Револуцијата 1941–1945,
Спомен книга на загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор од Свети Николе и Светиниколско, Свети Николе, 1990 (со коавтор); Бугарската фашистичка организација „Браник“во Македонија (1941–1944), Скопје, 1992; Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941– 1944, Скопје, 1995; Крива Паланка и Кривопаланечко низ историјата, Крива Паланка, 1996 (со коавтори); Виница и Виничко, Виница, 1998; Демир Капија, Демир Капија, 1998; Националното движење во Велес од 1919 до 1931 година, Велес, 1998; Јовче Џипунов и неговата активност од 1919 до 1931 година, Велес, 1998 (со коавтор); Трајко Андреев–Петкановски 19191943, Велес, 1998 (со коавтор), Долна Бањица – Асаги Банитса е Посхтме, Кочани, 2000; Чашка низ историјата, Чашка, 2001; Општина Зелениково, Зелениково, 2001; Балисти, Скопје, 2002; Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2002; Горно Лисиче-Скопско, Скопје, 2002; Кисела Вода во Втора
та светска војна 1941-1944 година, Скопје, 2003. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *