МАНАКОВИЌ, Душан

МАНАКОВИЌ, Душан (Скопје, 19. Ⅲ 1924 – Скопје, 12. Ⅷ 1995)
– географ, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, Институт за географија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 год. работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за индустрија и рударство на НР Македонија. Студиите по географија ги завршил како вонреден студент во 1952 г. Во 1954 година бил избран за асистент на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1960 година докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема
„Геоморфологија на поречието на Бабуна и Тополка со Титоввелешката Котлина“. Во 1961 г. бил избран во звање доцент, во 1966 г. за вонреден професор, а во 1972 г. за редовен професор, во кое звање е преизбран во 1981 година. Од
1. И 1980 г. е декан на Географскиот факултет. Во редовна пензија заминал во 1985 г. Тој е основач и долгогодишен претседател на Спелеолошкото друштво на РМ, генерален секретар на Сојузот на спелеолозите на СФРЈ, претседател на Феријалниот сојуз при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил учесник во следните проекти: „Геоморфологија на Буковиќ“; „Бистра“; „Мариово – комплексни географски истражувања“; „Геоморфолошка карта на Р Македонија“, и повеќе секторски студии работени за Институтот за просторно планирање. Научната активност била ориентирана спрема геоморфологијата и спелеологијата. Т. Анд.

Аргир Манасиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *