МАНАСИЕВ

МАНАСИЕВ (ВЕЧЕРИН), Кирил Стефанов (Гевгелија, 23. Ⅵ 1909 – Софија, 18. Ⅳ 1936) – македонски културно-национален и општествено-политички деец, поет, прозаист и драмски автор. Внук од брат на илинденскиот револуционер Аргир Манасиев. Учи во гимназијата во родниот
град. По војните со семејството се преселува во Софија (1924) и го започнува страдниот живот на бегалецот поет. Гимназијалецот одвај преживува како физички работник и продавач на јажиња, но тој е главен активист во Гевгелискиот квартал, секретар на Гевгелиското братство и претседател на Читалиштето „Роден крај“. Објавува хумористично-сатирични и социјално-патриотски стихови, раскази, хуморески и драмски текстови во многу дневни и периодични публикации низ Бугарија, главно под псевдонимите: Виолетко, Вио, Лоранс, Л-с, Неранзин и Вечерин. Културно-општествена дејност развива во Гевгелиското братство, а во Читалиштето „Ро-ден крај“ организира собранија и културно-уметнички програми со македонска национална тематика. Особено е близок со роднокрајците Ангел Динев и Митко Зафировски и соработува во нивните публикации „Роден краŸ“ (1933),

Македонски вести“ (1935–1936) и


Македонска земя“ (1936). Тешко заболен, умира млад во голема сиромаштија.

ЛИТ.: АнгелÍ ДиневÍ, КирилÍ МанасиевÍ (ВечеринÍ), „Македонски вести“, Ⅱ, 54, София, 29. Ⅳ 1936, 2; Д-р Блаже Ристов
ски, Пројави и профили од македонската литературна историја, И, Скопје, 237–240; Васил Тоциновски, Род и пород, Скопје, 2001. Бл. Р.

Јован Манасиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *