МАНГОВ, Крсто

МАНГОВ, Крсто (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – с. Брезница, Костурско,
11. Ⅷ 1949) – учесник во грчкото комунистичко и антифашистичко движење и деец на Македонското националноослободително движење. Бил секретар на Реонскиот комитет на КПГ за Корешта, Костурско. Во МНОД бил претседател на Околискиот одбор на НОФ за Костурско и член на Главниот одбор на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Загинал во с. Брезница од артилериска граната.
ЛИТ.: Т. Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *