МАНЕВА, Лилјана

МАНЕВА, Лилјана (Скопје, 16. Ⅳ 1917) – комунистички деец и првоборец. Завршила гимназија во Скопје, а студирала во Белград и на Филозофскиот факултет во Скопје. Како член на СКОЈ и КПЈ (од 1940), член на МК на СКОЈ (1941) и на МК на КПЈ во Скопје (од крајот на 1941). била уапсена (декември 1941 – мај 1942) и интернирана во Бабјак (Разлошко, мај – почетокот на 1943). По враќањето (кон крајот на 1943) била заменик политички комесар на чета во НО баталјон „Јордан Николов“ и во Третата македонска НОУБ, секретар на Дивизискиот комитет на КПМ при Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ, раководител на Персоналната служба на Првата корпусна област

Лилјана
Манева

(од ноември 1944) и на Политичката управа на ГШ на НОВМ. По Ослободувањето била секретар на Околискиот и на Окружниот комитет на КПМ во Скопје, помошник во амбасадата на ФНРЈ во Софија, заменик министер за земјоделство, претседател на Главниот одбор на АФЖ за Македонија, републички и сојузен пратеник, секретар на Советот за народно здравје на НРМ, член на ЦК и на Организационо-политичкиот секретаријат на ЦК на СКМ, уредник на сп. „Просветена жена“, член на Главниот одбор на Сојузот на женските друштва на Југославија, потпретседател на Републичката конференција на ССРНМ, претседател на Одборот за внатрешна политика на Општествено-политичкиот совет на Сојузното собрание, главен уредник на Радио Скопје и прв директор на Македонската телевизија. Носител е на Партизанска споменица 1941.
БИБЛ.: УШТЕ нешто за судскиот процес од мај 1942 и за СКОЈ, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, 421-423.
ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976; Скопје во Ослободителната војна и револуцијата, Зборник на сеќавања, том И, книга прва, Скопје, 1984.

К. Манев: Блаже Конески (2003)
ЛИТ.: Скопје во НОВ 1941. Материјали од научниот собир одржан на 13 и 14 јуни 1972 година во Скопје, Скопје, 1973; Скопје во НОВ 1942. Материјали од научниот собир одржан на 10 и 11 април 1975 година
во Скопје, Скопје, 1975. С. Мл.

Благоја Маневски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *