МАНЕВСКИ, Стефан

МАНЕВСКИ, Стефан (Скопје,
25. ⅩⅠⅠ 1934 – Скопје, 12. Ⅷ 1997)
– скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Придонел во збогатувањето на регистарот на апстрактните форми. Дипломирал (1960) и магистрирал (1963) на Академијата за ликовни уметности во Бел-град. Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1999). Неговите почетоци (1963/64) се врзани за инвентивната серија енформелни цртежи, додека пластичните реализации од 1966 г. се конципирани со метални фрагменти (Миг на времето, 1966). Подоцна скулптурите ги сведува на објекти со оптички ефекти и со разбранувана обоена површина (Светлосен информатор 2, 1983).
ЛИТ.: Соња Абаџиева, Стефан Маневски, Скопје, 1999. М. Б.-П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *