МАНОЈЛОВ, Панде

МАНОЈЛОВ, Панде (Породин, Битолско, 2.05.1948) – поет, раскажувач, критичар. Завршил Правен факултет во Скопје. Работи во Редакцијата на „Битолски весник“.
БИБЛ.: Црвен немир во црвено пламти, поезија, Битола, 1971; Соѕвездие на болот, поезија, Битола,1977; Огнена земја, поезија, Битола, 1983; Блажевина, поезија, Битола, 1988; Обид да се влезе во нулата, раскази, Ск., 1996; Лет во сонот над Ајфеловата кула, поезија на македонски и француски, Битола, 1998; Талија на битолската сцена, театарски критики, Битола, 2003; Песни за Никола и Дамјан, Битола, 2003 и др.
ЛИТ.: Доне Пановски: Одгласи, Битола, 1992. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *