МАНЧЕВСКИ, Вељо

МАНЧЕВСКИ, Вељо (Велјан) (с. Броштица, Дебарско, 17. Ⅳ 1905 – Скопје, 23. И 1962) – свештеник, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и делегат на АСНОМ. По окупацијата во текот на 1941, како свештено лице се вклучил во НОВ. Од Ⅸ 1943 бил назначен за верски референт при ГШ на НОВ и ПОМ и ја организирал првата црковна општина на слободната територија во Дебарца. Го свикал Првиот свештенички собор на
24. Ⅹ 1943 во с. Издеглавје, Дебарца. Бил затворен од албанските квислиншки власти (1944). По излегувањето од затвор стапил во единиците на НОВ И ПОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ.
ЛИТ.: Н. Поповски, Народното и црковното родољубие на еден македонски православен свештеник, В. МПЦ, ⅩⅠⅠ/1, Скоп
је, 1970; Т. и М. Јовчевски, Рајчица и Рајичката парохија во крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ век, Дебар, 2000. Ал. Тр.

Кирил Манчевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *