МАНЧЕВСКИ, Кирил

МАНЧЕВСКИ, Кирил (Броштица, Дебарско 8. Ⅺ 1936 – Скопје, 8. Ⅷ 1975) – пејач. Бил активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од ⅩⅩ век, како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Тогаш ги остварил антологиските изведби на низа познати песни, како што се:
„Девојче тенко, високо“, „Изникнало криво крушче медено“, „Кога си тргнав в туѓина“, „Лино мо-ме Севдалино“, „Ајде сонце зајде“, „Абер дојде Донке“, „Бог да убие дебрани“ и многу други. Неговата интерпретација се одликува со префинетост, лиризам и специфична мелизматика. М. Кол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *