МАНЧЕ, Лефтер Методиев

МАНЧЕ, Лефтер Методиев (Лефтер Мантсе) (с. Загоричани, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 29. Ⅸ 1935) – естетски хирург, трансплантер, унив. професор. Бидејќи татко му Методи Џидров бил затворен во Грција (1945–1961), а мајка му и тројцата браќа (како партизани) биле убиени во Граѓанската војна, бил одгледан од мајкината сестра Јана Манчева, по која го носи и презимето. На 13 години бил однесен во Будимпешта во Унгарија (1948), каде што го завршил основното и гимназијалното образование и Факултетот за физичка култура (1955–1959). Веднаш потоа се запишал на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Дебрецен (1959–1965) и, бидејќи дипломирал со одличен успех, бил оставен како асистент-професор на Универзитетската хируршка клиника, кога и објавувал свои трудови во унгарски и во западногермански списанија. Потоа се префрлил во Канада и откако на Универзитетот во Отава ги положил канадските хируршки испити (1973– 1979), во 1980 г. ја отворил првата клиника за естетска хирургија во Отава, како оператор-специјалист за трансплантација на коса, липосукција, пластика на лице, на очи и на гради. Ги обучувал првите македонски и унгарски хирурзи за липосукција и ги објавил првите статии за липосукција во канадски и во унгарски списанија (по 1987). Заедно со син му во 2002 г. ја отворил и меѓународната Клиника за трансплантација на коса „Атлантик“ во Будимпешта (Атлантик Хајатултетеси клиника, Будапест), па оперира паралелно и во Канада и во Унгарија, како и во Скопје. Како патриот и филантроп, често учествува со помош за добротворни цели на институции и поединци и во Македонија. Член е на угледните друштва и институции: Тхе Роѕал Цоллеге оф Сургеонс оф Цанада; Тхе Интернатионал Социетѕ оф Цосметиц Сургерѕ; Тхе Америцан Ацадемѕ оф Фациал Пластиц & Рецонструцтиве Сургерѕ и членосновач на Тхе Америцан Ацадемѕ оф Цосметиц Сургерѕ и на Тхе Интернатионал Социетѕ оф Хаир Ресторатион Сургерѕ.
БИБЛ.: Липосуцтион: А нењ бодѕ Сцулптуринг процедур, „ЦМАЈ“, вол. 135, Новембер 1986, 975–976; Ла липосуццион: Уне ноувелле тецхниљуе де моделаге де цорпс, „Ле јоурнал Интернатионал де медицине“, 93, 15. Ⅴ 1987, 181–184; Липосуцтион ундер лоцак анестхесиа: А ретроспецтиве аналѕсис оф 100 патиенс, „Тхе Јоурнал оф дерматологиц сургерѕ анд онцологѕ“, 13, Децембер 1987, 1333–1338; Бодѕ Сцулптуринг тхроугх липосуцтион, „Онтарио Медицал Ревиењ“, 56, Јуне 1987, 648–649; Тестцонтуре валтозас аспирациос липектомиавал, „Магѕар себесзет“, 42, 1989, 17–24; Тхе Импортанце оф патиент посиционинг ин липосуцтион сургерѕ, „Пластиц анд рецонструцтиве сургерѕ“, 98, Новембер 1996, 1123–1124; Липосуцтион ас примарѕ процедуре фор треатинг птотиц абдоминал њалл, „Америцан јоурнал оф цосметиц сургерѕ“, 14, 1997, 269–274. Бл. Р.

Васе
Манчев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *