МАРИНА, Панта

МАРИНА, Панта (Митровица, 1910 – Скопје, 1993) – правник, универзитетски професор и судија. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Скопје (1929). Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1934), каде докторската теза „Редовните правни лекови во кривичната постапка во ФНРЈ“ (1958). Избран за предавач по предметот кривична постапка на Правно-економскиот факултет во Скопје (1953), за доцент (1954), за редовен професор на Правниот факултет во Скопје (1962). Бил претседател на Врховниот суд на Македонија (1949 и 1967 г.) и сојузен јавен обвинител (1967–1974). Автор е на поголем број научни трудови и учебници од областа на кривичната постапка.
БИБЛ.: Теорија на кривичната постапка, книга прва и книга втора, Скопје, 1958; Кривична постапка на СФРЈ, Скопје, 1979. ЛИТ.: Правен факултет- Педесет години, 1951–2001, Скопје, 2001. Гор. Л.-Б.

Димитри Мариновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *