МАРИЧКА БИТКА

МАРИЧКА БИТКА (26. Ⅸ 1371)
– пресудна турско-македонска битка на р. Марица. По освојувањето на Галиполе (1354) Османлиите започнуваат да ги напаѓаат териториите на деспотот Углеша и ги загрозуваат териториите на Византија и Бугарија. Браќата Мрњавчевци воено им се спротивставуваат, подготвуваат војска од 20.000 луѓе и ја ограбуваат и ја опожаруваат Тракија и потоа се враќаат. Османлиите го следат нивното движење од планините и со 3.000 војска ја напаѓаат заднината на непријателската војска. Во раните часови на 26 септември кај тракиската крепост Черномен, изненадени од Османлиите, Мрњавчевци претрпуваат пораз и двајцата браќа загинуваат со голем дел од војската. Оние што не загинале во битката, биле фатени и одведени во ропство.
ЛИТ.: Г. Острогорски, Историја на Ви
зантија, Скопје, 1992; Цветан Грозданов, Маричката битка и вазалитетот на Крал Марко (Марко Крале) и живописот на Марковиот манастир, Предавања на ЏЏИВ меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 2–21 Ⅷ 1991, Скопје, 1993, 118-119; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000; Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000. Б. Р.-Ј.

Ѓорѓи
Марјановиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *