МАРКИЛОВ, Сократ

МАРКИЛОВ, Сократ (с. Бутково, Демир Хисар, Егејскиот дел на Македонија, 12. Ⅳ 1921 – Струмица, 4. Ⅷ 1993) – македонски национален деец во Бугарија по Втората светска војна. Во војната дезертирал од бугарската армија и стапил во антифашистичкото движење. Поради својата македонска национална определба бил прогонуван од бугарските државни органи (по 1956). Основал тајна Независна македонска организација – „Илинден“ (1968) во Пиринскиот крај и меѓу македонската емиграција. Бил уапсен (1973) и осуден на 5 години затвор (1974). Бил еден од основачите на легалната Обединета македонска организација (ОМО) – „Илинден“ (Ⅳ 1990).
ИЗВ.: Спомени на Сократ Маркилов (снимени на магнетофонска лента од Ва
сил Јотевски), мај-јуни 1991.
ЛИТ.: Стојан Георгиев-Томовичин, Македонија над сè, Битола, 1990. В. Јот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *