МАРКОВИЌ, Дарко

МАРКОВИЌ, Дарко (Дар-Мар)
(Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1940) – карикатурист и филмски работник, со исклучителен придонес во осовременувањето и трансформацијата на карикатурата и нејзината афирмација во странство. Тој е еден од најзначајните автори на анимираниот филм. Има пресудна заслуга за формирањето на Светската галерија на карикатури во Скопје. Самостојно се претставил во МАНУ и во МСУ во Скопје, со карикатури и уметнички објекти (1980). Во карикатурата создава индивидуален стил, со прецизен стилизиран цртеж и користење на сликарски техники. Особено успешни се карикатурите посветени на личности од областа на културата (Димче Коцо, Димитар Кондовски, Вангел Наумовски). Работи и сатиричен стрип (познатиот јунак Пецко).
Дипломирал архитекура во Скопје (1966), а потоа специјализирал анимиран филм во Загреб (1972). Со филм активно се занимава од 1975 г., кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го Студиото за анимиран филм. Од 1978 г. работи како слободен уметник. Неговата филмографија ја сочинуваат повеќе од 30 анимирани филма, од кои повеќе од 20 се во продукција на „Вардар филм“, а другите се работени за Телевизија Скопје и/или во „Македонија филм“. Тој е наградуван со врвни меѓународни филмски и телевизиски награди на филмските и телевизиските фестивали. В. Масл. и С. Аб.-Д.

Иљо Марков Малешевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *