МАРКОВСКИ, Нешо

МАРКОВСКИ, Нешо (Тетово,
20. Ⅶ 1927 – Скопје, 17. Ⅹ 1985) – новинар и општественик. Во новинарството од 1948 г., кога го уредувал в. „шар“ во Тетово. Кон средината на педесеттите години соработник па уредник на Внатрешно-политичката рубрика на
„Нова Македонија“. Во периодот 1957/58 г. еден од основачите и уредниците на седмичникот „Вечер“, издание на НИП „Нова Македонија“. Прв главен уредник на македонското издание на седмичникот „Комунист“ (1964). Претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Учесник во НОБ. Б. П. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *