МАРКОВ, Борис

МАРКОВ, Борис (с. Отуње, Тетовско, 1923) – славист, унив. професор на Филозофскиот/Филолошкиот факултет во Скопје по граматика и историја на рускиот јазик. Долгогодишен шеф на Катедрата за славистика и декан на

Борис Марков
Филолошкиот факултет (1983– 1985). Во 1960 г. ја одбранил докторската дисертација „Продуктивни именски наставки во македонскиот јазик“. Автор е на околу 200 научни трудови за зборообразувањето и лексиката на македонскиот и рускиот јазик во споредба со други словенски и балкански јазици, како и на книгата „Образување на придавките во македонскиот јазик“ (1988). М. Кар.

Веле Марков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *