МАРКОВ-МАЛЕШЕВСКИ, Иљо

МАРКОВ-МАЛЕШЕВСКИ, Иљо
(Берово, 28. Ⅴ 1805 – ќустендил,
29. Ⅳ 1898) – ајдутски и востанички војвода. Кон средината на ⅩⅠⅩ
в. основал ајдутска дружина. Дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 г. преминал во Србија. Во оружениот судир во Белград (5. Ⅵ 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. „Иљова легија“ или „Македонски одред“. Учествувал со македонски доброволци во Српскоосманлиската војна (1876) во составот на Руско-македонскиот баталјон. Тешко ранет се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна (1877–1878) во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на шипка. По ослободувањето на ќустендил, со 150 македонски доброволци учествувал во востаничкиот продор во Пијанец (во поч. на 1878). Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал и во Кресненското востание (1878/1879). Опеан е во народните песни.
ИЗВ.: НБКМ-БИА, ф.: Колекци® бр. 47, з. п., а.е. 397, лл. 4-31; ЦДА, ф.: 173, оп. 1, а.е. 386, 173.
ЛИТ.: Р. Поплазаров, Ајдутскиот војвода Иљо Марков-Малешевски – Живот и дејност, Скопје, 1978; А. Трајановски, Но-ви сознанија за животот и дејноста на војводата Иљо Марков-Малешевски. Зб.:
Војводата Иљо Марков-Малешевски и неговото време, Берово, 2002. Ал. Тр.

Венко
Марковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *