МАРКУС, Александар (Саша)
(Скопје, 20. Ⅵ 1926 – Скопје, 8. Ⅸ 1988) – режисер и преведувач.
Александар (Саша) Маркус
Дипломирал на Високата филм-ска школа во Белград (1951), а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Од 1957 г. работи како слободен уметник. Како актер учествува во првата целовечерна пиеса на МНТ „Платон Кречет“. Режии: „Мачорот во чизми“; „Белиот елен“; „Квеј Лон“; „Празна лулка“; „Улични музиканти“; „Ѓаволштините на Скапен“; „Души на земјата“; „Тахир и Зухра“;
„
Мајка Храброст“; „Убавицата и ѕверот“; „Младоста пред суд“;
„
Банална тема“; „Васа Железнова“ и др. Р. Ст.