МАРКУ, Марк

МАРКУ, Марк (Ѓаковица, Косово, 21. Ⅸ 1927 – Скопје, 19. Ⅵ 1984) – актер, еден од основоположниците на Театарот на народностите, во кој работи од 1950 г. Остварил повеќе извонредни сценски ликови, кои влегуваат во историјата на врвните достигнувања на Албанската драма. Улоги: Хоџа („Пахинтика во есен“); Вуле („Измама“); Веслач („Бовча“); Маркуциј („Нита“); Жевакин („Женидба“); Чорбаџи Теодос; Халит Гаши во истоимените дела и др. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *