МАРТИНОСКИ, Никола

МАРТИНОСКИ, Никола (Крушево, 18. Ⅷ 1903 – Скопје, 7. Ⅱ 1973) – сликар, педагог, еден од основачите на МАНУ, еден од најистакнатите претставници на македонското современо сликарство, со пионерска заслуга за вклучувањето на македонската ликовна уметност во модернистичките текови. Дипломирал на школата за убавите уметности во Букурешт (1927). Од 1927 до 1928
г. ги посетувал академиите Гранд шомиер (Гранд Цхаумиере) и Ран-сон (Ранцон) во Париз. Бил учесник во НОБ и директор на УГ во Скопје (1949–1973). Самостојно излагал во Скопје, Белград, Загреб. Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1975). Во периодот 1927–1928 создавал дела со посткубистичка и експресионистичка ориентација со афинитети за творештвото на Сутин (Соутине), Модилјани (Модиглиани), Кислинг (Кислинг): шахисти, 1928. Делата од експресионистичката фаза (1929–1933), по психолошката и егзистенцијалната атмосфера, се доближуваат до германските експресионисти. Во овој период ги создал своите најзначајни дела со социјални мотиви, во кои ги претставил луѓето од маргините (Госпоѓицата Арети, 1931; Порок, 1931/32; Во кафеана Ⅱ, 1932), портретите (Младиот филозоф,

Никола Мартиноски, „Невеста“ (1937)
1929; Автопортрет, 1931), симболичките и религиозните сцени, пејзажите. Од 1933 г. сликал композиции со мотивот мајка и дете, според модели на жени-Ромки (Мајка со дете, 1934). Во 1935 г. насликал 12 еротски мурали (сега уништени) во скопскиот локал
„Океан“. Во наредниот период сликал во духот на социјалниот реализам (Питач, 1940) присутен во неговото творештво сè до педесеттите, кога настанале сликите со крушевски мотиви, сликани на еден речиси карикатурален начин. Работел цртежи и карикатури, во кои на сатиричен начин ги прикажал појавите од современиот живот.
ЛИТ.: Борис Петковски, Никола Мартиноски 1903–1973, Скопје, 1975; истиот, Никола Мартиноски, Скопје, 1982; истиот, Никола Мартиноски, Скопје, 1997. Л. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *