МАСАКРОТ во с

МАСАКРОТ во с. Зеленич (1904)
– андартски колеж во с. Зеленич, Леринско. На 13. Ⅺ 1904, околу 60 до 100-тина грчки андарти во времето на свадбената прослава на свештеникот Ѓорѓија го нападнале селото затоа што егзархиските верници се откажале од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Во одмаздата биле убиени 13 мажи, жени и деца. Крвавата „Зеленичка свадба“, како што е позната во историографијата, била едно од дотогаш најголемите злосторства што ги извршиле грчките андарти во Македонија.
ЛИТ.: А. Трајановски, Андартскиот колеж во Загоричани 1905, Битола–Скопје, 1995. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *