МАСАКРОТ кај Пуста Кула

МАСАКРОТ кај Пуста Кула – во близина на с. Рудник, Велешко
(14. Ⅸ 1942) – бугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на НОД. Тие од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стрелани. Биле убиени: Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од с. Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од с. Иванковци.

ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *