МАТЕВСКА

МАТЕВСКА (РИСИМКИН), Рисима (Тетово, 25. Ⅹ 1963) – балерина и кореограф. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Станува член на Бале-тот при МНТ (1980-1998). Специјализира во Киев, Лондон и во Пловдив. Почнува да работи како кореограф (1990). Основач на Интерарт културниот центар во Скопје (1996). Ја востановува наградата „Менада“ за заслужни балетски уметници (2005).
УЛОГ: Три лебеди (П. И. Чајковски,

Лебедово езеро“), Мерцедес (Л. Минкус,


Дон Кихот“), Вила Мона (А. Адам, „Жизел“) и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *