МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ
(1946–1976) – основан во рамките на Филозофскиот факултет. Одиграл голема улога во формирањето на наставниот кадар за средното образование и на наставнонаучниот кадар по математика за високото образование.
Наставата почнала на 16. ⅩⅠⅠ 1946
г.
според усвоен наставен план, со двајца наставници: проф. д-р Драгослав Митриновиќ и универзитетскиот предавач Јоже Улчар. Подоцна доаѓаат П. Димиќ (1947),

М.
Попадиќ (1948), Б. Попов (1948) и инж. д-р Петар Серафимов (1948/49). Првиот раководител бил Д. С. Митриновиќ (1946–1950), а потоа: Б. Попов (1950–1971), Д. Перчинкова (19711975) и Д. Димитровски (1975– 1976). Институтот се преименува (1976) во Факултет за математика, којшто преминува (1977) во Математички факултет.

ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *