МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
(1977−1984) – формиран со реформите на Универзитетот во Скопје, во рамките на УЦМТН, од наставно-научниот кадар по математика на Математичкиот институт, техничките факултети и Математичкиот институт со нумерички центар. Ја обезбедуваше наставата по математика за студентите од сите факултети на УЦМТН и се грижеше за развојот на математичките и информатичките науки општо.
ЛИТ.: ПМФ 1946−2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *